Новогодишна Зоо бајка во Зоолошка градина Скопје
Овој викенд (22 и 23 декември), во Зоолошка градина Скопје за првпат ќе се одржи дводневна забава за деца- „Новогодишна Зоо Бајка“. Од 12:00-16:00, најмалите посетители ќе имаат можност да уживаат во богата новогодишна програма и во двата денови. Во сабота и недела од 12:00 е закажана претставата „Новогодишно чудо“ со Дедо Мраз, а потоа Дизни јунаците Мики, Мини и Олаф ќе делат подароци за секое дете.