Продолжен мораториумот за градби на територија на Општина Центар
Мораториумот за градби за првпат беше донесен на 27 декември минатата година и продолжувањето е со важност до 30 април 2019-та. Со мораториумот, 31 ДУП се враќаат на повторна доработка, а истовремено се забранува издавање на одобренија за градби на територија на општината, со што идејата на општината е да воведе ред во урбанистичкото планирање, но и да придонесе кон намалување на загадувањето на околината и атмосферскиот воздух, соопшти општина Центар.