Основците од Карпош ги мапираа најкритичните точки до училиштата
Учениците од 10-те основни училишта во општина Карпош денеска на градоначалникот Стефан Богоев му го презентираа проектот „Детективи на патот“ и ги посочија најкритичните точки по улиците, на патот од нивниот дом до училиштето. Се осврна на состојбата на сервисните улици, потребата од поставување нови пешачки премини, сообраќајни знаци и забавување на брзината на возилата.