Винтерленд, новогодишна населба на плоштадот „Македонија“
Новогодишна населба „Винтерленд“ на плоштадот „Македонија“ со украсени куќички, вештачки снег, катчиња за игра и смеа и секојдневна програма што ќе биде интересна за граѓаните, е само дел од предновогодишната програма што ја подготвува Градот Скопје во пресрет на Новогодишните и Божикните празници.