Над 30 возачи ќе настапат на кружните трки во Скопје
По успешната организација на Кружниот авто-натпревар Скопје 2018 во октомври, АКК Примо авј ќе организира уште една трка на познатата патека лоцирана на Булеварот „Гоце Делчев“, во појасот Судска палата – Скопски саем и паркингот пред ВИП. Скопје круг ноември 2018 е закажана за утре, а официјалното отворање е од 11 часот, додека трката почнува од 12 часот.