Во прекин сообраќајот на ул. „Владимир Полежиновски“ поради снимање на филмот „Врба“
Поради потребите на снимањето на филмот „Врба“, кој е во режија на Милчо Манчевски, а во продукција на „Банана филм“, денеска, утре и задутре (11, 12 и 13 ноември) сообраќајот на улицата „Владимир Полежиновски“ (зад Трговскиот Центар Буњаковец), ќе биде во прекин.