Делегација на збратимениот Дрезден во официјална посета на Скопје
Повеќечлена делегација на збратимениот град Дрезден, Германија, деновиве престојува во официјална посета на Скопје. Делегацијата е составена од заменик-градоначалникот на Дрезден задолжен за ред и безбедност, Детлеф Сител, командантот на Противпожарната бригада на Дрезден, Андреас Румпел, советникот за заштита од пожари и од катастрофи Михаел Катц и претставничка од Одделението за меѓународна соработка на Дрезден, Регин Крамер.