Општина Аеродром се уште бара решение за објектот кај „Мајчин дом“
Во Општина Аеродром се уште се во тек разговори за изградбата на објектот кај „Мајчин дом“ за да се најде решение, како што велат оттаму, во интерес на граѓаните. Обесштетувањето на инвеститорот, како што наведуваат е неразумно бидејќи ќе предизвика крах на општинскиот буџет, а за давањето заменска парцела Општината е доведена во незавидна позиција бидејќи со донесениот ДУП во Аеродром нема друга соодветна парцела.