Од среда до недела три саемски манифестации на едно место
Во среда во комплексот ВИП Арена „Борис Трајковски“ почнуваат 15. Саем на градежништво и 8. Саем на недвижности „RealExpo“, како и 44. издание на „Технома“ кој ги обединува компаниите од металургијата, електрониката, енергетиката и неметалите.