Марин: Формираме партиципативно тело за урбанизам, сѐ ќе сторам да нема градба кај Мајчин Дом
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, иницира формирање на партиципативно тело, во кое претставници од месните заедници, здруженија на граѓани и стручни лица од областа на урбанизмот директно ќе учествуваат во урбанистичкото планирање на општината.