Околу 70 изложувачи со повеќе од 150 брендови ќе се претстават на годинашниот 44. Саем на мебел којшто од денеска до недела ќе се одржува во комплексот на ВИП арената Борис Трајковски.
Во тек е Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2018 година.
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека од утре до недела (14 октомври), за времетраењето на Саемот на мебел, во редовниот градски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии, со броеви: 100 и 200, кои ќе сообраќаат до Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Од 7:30 до 11 часот денеска ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Илинден“ поради одржување на трката „Скопје трча 10М - 2018“.
Во Градскиот парк во Скопје денеска по десетти пат ќе се одржи манифестацијата „Напред розово“ чија цел е да се подигне свеста во борбата против ракот на дојка.
Под слоганот „Заедно во природа“ денеска на Средно Водно се одржа петтото издание на манифестацијата „Средношколски игри 2018“.
Во Скопје вечер ќе се одржува 14-тата манифестација „Бела ноќ“. Во рамки на програмата на повеќе локации ќе се одржат изложби, детски работилници, концерти, театарски претстави, инсталации, кино проекции, поетски читања.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вечерва изјави дека во текот на следната година би можеле да бидат познати првичните контури на новиот систем на јавниот превоз во главниот град.
Во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“ вечерва ќе биде претставен најновиот проект на познатото дуо Силви Бенд - мјузиклот „Ромален“.
Во општина Бутел денеска се одржа првата Детска олимпијада за дечињата од градинките на нејзина територија.