Се асфалтира ул. „Добри Даскалов“ во Топаана
Во општина Чаир се врши асфалтирање на ул. „Добри Даскалов“, која е една од најфреквентните во општината. Улицата, во населбата Топаана, е со должина од 300 метри има две сообраќајни ленти со ширина од 6,5 метри и тротоар со должина од 400 метри и ширина од два метра.