Гасоводот низ Водно да се гради токму таму, за граѓаните тоа е одземање на белите дробови на Скопје
Изградбата на магистралниот гасовод од Скопје кон Гостивар со крак кон Тетово низ Водно предизвика широки полемики во јавноста. Експертите и Владата сметаат дека се гради токму таму каде што треба, а невладините организации, пак, порачуваат дека со изградбата на гасоводот низ Парк шумата Водно се одземаат белите дробови на градот.