Карпошани се вклучија за почиста општина
Општина Карпош денеска на Светскиопт ден на чистење 15 септември организираше акција за темелно чистење на Општината. Во неа се вклучи општинската администрација, општинското раководство, членовите на Советот, заинтересирани граѓани и општествено одговорни компании. Се чистеа зелените површини, паркови и детски игралишта меѓу зградите.