За шест месеци превезени 22,6 милиони патници со ЈСП „Скопје“
Во првите шест месеци од 2018 година автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ превезле 22,6 милиони патници. Најголемиот дел од нив се возеле во март, а најмалку во јануари. На градските улици секојдневно сообраќале 277 возила на ЈСП „Скопје“, а 206 на приватните превозници.