Нови 600 заштитни столпчиња покрај улиците во општина Аеродром
Општина Аеродром соопшти дека деновиве поставуваат нови заштитни столпчиња покрај тротоарите, велосипедските и пешачките патеки покрај булеварите и улиците, со цел да се обезбеди непречено движење на пешаците и на велосипедите и да се спречи непрописното паркирање.