„Зборува Скопје“ - почна одбележувањето на годишнината од скопскиот земјотрес
Не е заборавена поддршката што пред 55 години нашиот град ја доби од целиот свет. Ова нека биде добра прилика да покажеме дека го сакаме нашиот град, неговата култура и уникатната урбаност која ќе ја негуваме во иднина, истакна вечерва градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.