„Зборува Скопје“ - четиридневна манифестација за одбележување 55 години од земјотресот
Со дваесетина културни настани на неколку локации, Град Скопје ќе ја одбележи 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Програмата насловена „Зборува Скопје“ во четири дена ќе ја обедини ликовната, театарската, филмската и мултимедијалната уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата.