Со поддршка од УНДП градот Скопје ќе го подобрува квалитетот на воздухот, водата и зеленилото
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и постојаната претставничка на УНДП Луиза Винтон денеска потпишаа договор за соработка за реализација на проектот „Отпорно Скопје: поголема одржливост и иновации за справување со климатските промени“, што ќе чини 720.000 долари, а ќе се спроведува 18 месеци.