Започна акцијата за генерално чистење на „Зоолошка градина Скопје“
Новиот директор на „Зоолошка градина Скопје“, Ѓорѓи Галетановски најави генерално чистење на зоолошката. Утринава, екипи на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“ започнаа со расчистување на високите треви, живеалиштата, како и ботаничката градина во Зоолошката градина.