Проодни улиците и булеварите по невремето во Скопје
Сите градски улици и булевари се проодни еден час по завршувањето на бурата. Сите пожари се изгаснати, паднатите дрвја отстранети, а единствено останува дорасчистувањето по општинските улици каде интензивно работиме заедно со општините, изјави началникот на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, Емил Дуровиќ.