Пред СВР Скопје – Полициска станица Центар денеска беше промовиран проектот “Полицајци – велосипедисти“.
Град Скопје потсетува дека е во тек јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети. Граѓаните што ќе купат печки на пелети заклучно со 21 мај 2018 година, ќе добијат дел од трошоците за набавка во висина од 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари .
Традиционалниот турнир во мал фудбал „Скопје 2018“ годинава ќе започне на 20 мај, а ќе се одржува во спортскиот центар „Ново Лисиче“.
Снабдувањето со електрична енергија во општина Аеродром вечерва е нормализирано откако екипи на ЕВН го санираа дефектот на електричната мрежа што настана како последица на невремето што во текот на денот и повторно вечерва го зафати Скопје.
Во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, по невремето со интензивен дожд и грмотевици што го зафати скопскиот и други региони во државава, досега пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево и Стајковци.
По обилните врнежи од дожд попладнево, кои веќе три дена се најавени од УХМР, ситуацијата во скопската населба Ченто, општина Гази Баба е алармантна.
Еванс Кипкемои Бивот од Кенија е победник на годинашниов Виз Ер Скопски маратон со време од 2:14:08 часа. Второпласиран беше неговиот сонародник Џон Лангат, со време од 2.14.57. Трет беше Руто Кипротич од Кенија со 2.28.58.
Трката на пет километри беше најмасовна. Кај машките натпреварувачи први беа Цветковски, Кристијан Стојани, Леонид Вандевски, а кај жените Греса Бакрачи, Марго Бојаџиева, Викторија Ѓорѓеска.
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник во полумаратонската трка на Виз Ер Скопскиот маратон со резултат од 1 час, 9 минути и 10 секунди.
Град Скопје реагира на серијата на прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ на кои се пласираат разни невистини и шпекулации околу работата и состојбите со депонијата Дрисла.