ДЗР констатирал неправилности во општина Карпош, извештајот испратен до ОЈО и финснсиска полиција
Долг од 18 милиони евра акумулиран изминатите години, дополнителни долгови, ненаменско користење кредит од 2,6 милиони евра, почнување изградба на нова општинска зграда без соодветна документација и одлука на Совет констатирал Државниот завод за ревизија во Извештајот за работата на општината за 2016 година.