Авион на „Визер“ останал без мотор, за среќа безбедно слетал на скопскиот аеродром
На пет минути пред слетување на скопскиот аеродром откажал мотор на авион на „Визер“ кој летал на релација Базел - Скопје ноќта меѓу четвртокот и петокот, во 00:15 часот, но слетал безбедно, потврдија за МИА од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) и од М-НАВ.