Град Скопје со проект за прочистување на водите на Вардар
Петре Шилегов заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку и Златан Икономов, технички директор во ЈП „Водовод и канализација”, денеска го потпишаа Договорот за спроведување на ИПА проектот „Подобрување на инфраструктурата за отпадни води во градот Скопје“.