Во Скопје од денеска до 23-ти овој месец ќе се одржи Меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2017.
Се откажува пречекот на Новата 2018 година, а планираните средства ќе се донираат за Детската болница Козле. Ова на денешната седница на Советот на Град Скопје го соопшти градоначалникот Петре Шилегов.
Како што информиравме пред дваесеттина дена година, комунални и градежни инспектори на Општина Карпош започнаа со контрола на неколку поголеми градилишта на територија на Општината
Советот на Град Скопје денеска на седница ќе расправа за краткорочните мерки за намалување на загадувањето на воздухот на подрачјето на градот.
До денеска до 13 часот до архивата на Град Скопје се доставени 133 барања за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Скопје за купување печки на пелети.
Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе од наредниот викенд, односно 25 и 26 ноември 2017 година, извести Град Скопје.
Членот на Советот на Град Скопје од советничката листа на ДУИ, Енвер Малиќи ќе биде новиот заменик-градоначалник на Скопје.
Строгиот центар на Скопје утрово е без парно греење поради дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топлана Исток.
Јавните претпријатија „ЈСП“,„Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“ кои се под надлежност на Град Скопје, добија нови директори.
Компанијата за снабдување со топлина Балкан енерџи, воведе нова услуга „е-фактура“ со која сметките за потрошена топлинска енергија ќе може да се добиваат по електронска пошта.