Поранешниот газда на „Сити мол“ ќе гради огромен комплекс кај Скопски саем
Корпорацијата од Албанија, „Балфин груп“, која беше сопственик на „Сити мол“, објави дека купила 155.000 квадратни метри земјиште на раскрсницата на улицата Беласица и булеварот Александар Македонски, каде што се наоѓа Скопски саем.