Жителите на Кисела Вода од денеска можат да аплицираат за субвенции за огревно дрво
Општина Кисела Вода го објави повикот до граѓаните за субвенционирање на дел од трошоците за купување на дрва за огрев. Од денеска, во наредните пет дена жителите на Општината кои набавиле огревно дрво во периодот од 1 април годинава, можат да аплицираат за финансиски надомест во износ од 500 денари за секој купен метар кубен дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри.