Преку апликацијата „Breathe.mk“ граѓаните ќе пријавуваат аерозагадување во Скопје
Во соработка со „Air Care“ (Мој Воздух), „Бреинстер“ викендов организира два хакатона, на кои студентите ќе ја креираат апликацијата Breathe.mk, која ќе овозможи следење и пријавување на загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспектори за животна средина од Град Скопје.