(Видео) 200 куќи во Бардовци без вода на +40, Општина Карпош вели дека не е надлежна за проблемот а издава дозволи за нови градби во овој дел
Жителите на улицата 6 во Бардовци во Општина Карпош деновиве се оставени без вода. Екипите на МИА го посетија овој дел од населбата, при што мештаните ни посочија дека вода немаат за основни потреби, а проблемот постои речиси две недели.