„Бетон.Ск“ - едукативно-стручен настан за производство на бетон
Во дворот на фабриката АДИНГ АД во Скопје денеска ќе се одржи едукативно-стручен настан за производство на бетон, насловен „Бетон.Ск“, во организација на фабриката, Градежниот факултет при УКИМ во Скопје и средното училиште „Здравко Цветковски“.