„Лајка“ заловува бездомни кучиња во општина Гази Баба
Tим на ЈП „Лајка“ оваа недела ќе заловува бездомни кучиња во општина Гази Баба, во реоните Железара, фабрика „Железара“, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово, информираат од претпријатието.