Електрични велосипеди и тротинети, паметно осветлување, бесплатен интернет – започнува имплементацијата на Смарт Аеродром
Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски денеска на прес - конференција ги објави деталите за проектот „Смарт Аеродром“, кој како што најави, ќе биде визионерски потфат што ќе ја искористи моќта на технологијата за да создаде поповрзана, одржлива и помодерна општина.