Завршна приредба на дечињата од детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден
Со завршна приредба, детската градинка „Гоце Делчев” од општина Илинден испрати уште една генерација во прво одделение. Со драмска претстава „Црвенкапа и волкот“, песни и игри, идните првачиња, се поздравија со своите воспитувачки, информираат од општина Илинден.