Здружението „Братство и единство - Тито“ го одбележа Денот на младоста и роденденот на Јосип Броз Тито - 25 Мај
Со положување цвеќе на споменикот на Јосип Броз Тито, пред истоимената гимназија во центарот на Скопје, членови на Здружението „Братство и единство - Тито“, денеска го одбележаа 25-мај Денот на младоста и роденденот на маршалот и доживотен претседател на поранешна СФРЈ.