Црвен крст: Собрани вкупно 71 милион денари за помош за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија
На состанокот генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, Саит Саити ги информираше присутните за преземените активности и дека вкупно беа собрани 71 милиони денари од кои речиси девет милиони денари се во материјална хуманитарна помош, а останатите се во финансиски средства.