Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром
Денеска, со почеток од 18 часот, клубот кој е гордоста на Аеродром и македонската кошарка - МЗТ Скопје, го игра најважниот натпревар во оваа сезона, од кој зависи иднината и опстанокот во елитното јадранско натпреварување.