Велјановски: Нова бетонизација на Карпош - коалицијата СДС, Левица и ГРОМ го изгласаа ДУП-от за Злокуќани и нови 8 згради
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ не го поддржа предлог ДУП-от ССЗ 01 блок 10 за Злокуќани, од причина што не само што не се решаваат проблемите на жителите на Злокуќани, туку напротив, проблемите се зголемуваат.