Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар, наменета за граѓаните на Гази Баба и општините Бутел и Чаир
Подрачната канцеларија, како што соопшти Агенцијата за катастар на недвижности, се отвора по цели 12 години и во неа граѓаните ќе можат поблиску, побрзо и полесно да ги добијат услугите на Агенцијата од сите организациски единици.