Во Скопје концерти во рамки на 3. Скопски градски фестивал, домашни ѕвезди на Виноскоп и фолклорен фестивал
Во рамки на третото издание на Скопскиот градски фестивал, вечер во големата сала на Филхармонијата во 20 часот концерти ќе одржат Матија Дедиќ – најпознатиот хрватски и еден од водечките европски пиjанисти и композитор, и Квартетот Heller / Sasse / Gjakonovski / Kostadinovic составен од некои од најдобрите европски џез музичари меѓу кои и нашиот Мартин Ѓаконовски