Стојковски демантира: Никогаш, во ниту една институција во Ѓорче Петров, немало наредби со забрана за користење парно греење
Сакам да упатам демант на грубите лаги и невистини изнесени во прилогот во вестите во 15:30 на TV Telma , во кој се наведува дека од моја страна е дадена забрана за користење на парно греење по 15 часот во ООУ „Мирче Ацев“, како и дека тоа било со цел да се заштеди нафта.