Престанува праксата на набавки на ракија, вотка, рум, коњак, текила во Општина Ѓорче Петров, ќе се пие само кафе, сок и вода
Ако се види договорот на Општина Ѓорче Петров, во него стои набавка на црвено и бело вино, пенливо вино, пиво во различни амбалажи, жолта ракија, вотка, рум, коњак, узо, текила. Овие производи, со договорот за оваа година – не се набавуваат.