Училиштата во Карпош без греење, Општината и МОН со различни ставови за исплаќање на трошоците
Јакимовски тврди дека Министерството за образование и наука (МОН) не обезбедило доволно средства за функционирање на училиштата во Општина Карпош, а одговорноста за тоа, според него, е на министерката за образование и наука Весна Јаневска.