Околу 400 „Дедо мразовци“ и „Баба мразици“ трчаа на традиционалната трка во Скопје
По една година пауза поради ковид-кризата, на плоштадот „Македонија“ во Скопје вчера се одржа традиционалната Дедомразовска трка, во која околу 400 учесници од најразлични возрасти, жени, мажи и деца облекоа дедомразовски костум и ја истрчаа патеката долга два километра во центарот на Скопје.