Акција за чистење на медицински и комунален отпад денеска се одвива во општина Кисела Вода. Се чисти на три поголеми локации, мапирани како точки на кои е евидентирано натрупување на опасниот отпад, за кој e предвиден посебен третман
Прекин на водоснабдувањето од 11:30 часот ќе имаат дел од корисниците во општините Чаир и Центар
Во организација на УНДП и Хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден” во конференциската сала на Домот на култура „Илинден” се одржа информативна средба посветена на програмите, активностите и актуелните мерки од програмата „Економија на грижа”
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово направи увид во новата општинска зграда чија изградба беше стопирана во изминатите четири години
Поради дефект на приклучна цевка од 5/4 на ул. „10“ бб во Бардовци, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. „4“, ул.„10“ и ул.„19“
Општина Аеродром ги информира граѓаните што аплицираа за субвенции за велосипеди, како и за парична помош за првачиња и новороденчиња дека средствата ќе им бидат исплатени веднаш по конечното завршување на локалните избори
Неколку улици од скопските општини Ѓорче Петров, Кисела Вода, Карпош, Гази Баба и Аеродром утре ќе останат без струја
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски оствари работен состанок со директорот на ЈП „Паркинзи на општина Центар“ Васко Кичевски, околу новата дополнителна дејност која треба да ја добие претпријатието
Општина Карпош е победник на „Изборот за најеколошка општина за 2020 година“, преку конкурсот којшто традиционално го распишуваат „Пакомак“ и „Балкан еко“ институт-Скопје
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 178 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот