Бидете внимателни при посетите на Водно, зголемен ризик од пожари поради високите температури
Поради зголемениот ризик за локални пожари од високите температура и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, Град Скопје апелира до сите граѓани при посета на планината Водно, другите излетничките места и шумите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да одбегнуваат палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари