Редуцирани автобуси во Скопје, гужва, нервози и незадоволство кај граѓаните
Приватните превозници бараат да им биде исплатен долгот и да се зголеми цената која, како што посочуваат, е од пред осум години, поточно од 2017 година. Од друга страна, на Јавното сообраќајно претпријатие му недостигаат автобуси за да го покрие зимскиот возен ред, кој почнува од денеска.