ЈП Водовод и канализација апелира за заштита на канализацискиот систем
ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите корисници на услугите на претпријатието, односно на канализацискиот систем, во него да не се одлагаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување (како влажни марамици, најлони...), предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел заштита на системот, негова нормална функционалност и превенција од затнување и излевање на отпадната вода