Рекордни 650 кубни метри кабаст отпад исфрлени за време на акцијата на ЈП Комунална хигиена - Скопје
Во рамките на акцијата за собирање кабаст отпад што, во периодот од 18 до 22 мај, ЈП Комунална хигиена-Скопје ја спроведе во сите скопски општини, граѓаните исфрлиле вкупно 650 кубни метри отпад, составен претежно од стар мебел и неупотребливи електронски и електрични уреди