Пошта и средното поштенско училиште потпишаа меморандум за соработка
Во време на пандемија уште посилно се огледа важноста на поштенските работници, како и влогот кој како држава треба да го правиме во младите луѓе кои се идните носители на оваа професија. Со оваа порака, генералниот директор на А.Д. „Пошта на Македонија“, Јани Макрадули го честиташе Денот на поштенските работници – 22 април.